Намамувале луѓе од Балканот и ги претворале во робови, разбиена опасна криминална група

од Milan1
57 прегледи

Kриминална група намамувала луѓето од Балканот со приказната за сигурна работа и врвна заработувачка, и ги носела на принудна работа во Унгарија и од нив правела робови.

Десетици млади луѓе, меѓу кои и малолетници, беа експлоатирани, изгладнети и принудени со месеци да живеат во нехумани услови во Унгарија.

Како што соопштија од полицијата, истрагата утврдила дека уште во 2013 година пет мажи и жени, сите наводно роднини, организирале група со цел да заработат искористувајќи ги социјално загрозените.

Мета на членовите на оваа организирана криминална група биле ранливи лица, во тешка материјална состојба, кои немаат нормални семејни односи. Во најголем број случаи жртвите биле од прифатни центри, а осомничените им ветувале редовна месечна заработка од најмалку 250 евра, сместување и оброци, како и фиксно работно време од 8 часа, пет, понекогаш и шест дена во неделата.

Жртвите верувале дека ќе одат да работат во унгарска компанија, а кога конечно ќе стигнеле до дестинацијата им следувал пекол. Жртвите ги изгладнувале, биле принудени да работат до исцрпеност, не добивале пари, ниту имале пристап до лекари. Тие биле сместени во дрвени бараки или подруми на куќи. Некои дури биле принудени да работат 24 часа на ден, додека не паднале од исцрпеност.

Според романските власти, за расветлување на целиот случај, под покровителство на Европравда, (Eurojust), Романија и Унгарија склучиле договор за заеднички истражен тим.

На територијата на двете земји се извршени повеќе претреси при што се пронајдени 49.150.000 форинти (околу 120.000 евра), 5.990 евра, околу 350 грама накит, два автомобили, документи, два пиштоли, како и други докази.

„Исто така, за време на претресот во Унгарија, идентификувани се повеќе од 20 лица, најверојатно жртви на трговија со луѓе. Унгарските правосудни власти на 12 ноември 2024 година наредија притвор на седум членови на организирана криминална група“, објавија медиумите во Унгарија.

Слични содржини