Грчките медиуми објавија дека Комисијата за конкурентност на Грција неодамна го одобри здружувањето на неколку големи грчки компании кои имаат намера да ја купат пропаднатата грчка винарија „Цантали“. Ова здружување следи откако македонската винарија „Езимит“ изрази интерес за купување на „Цантали“, пишува Мкд.мк.
Компаниите „Темес“, сопственик на ланец луксузни хотели во Грција, „Премиа“, која се занимава со недвижности, и производителот на вино „Елиника вина“, добија дозвола да формираат конзорциум кој ќе даде понуда за време на стечајната постапка за „Цантали“, закажана за 11 октомври.
Долгот на „Цантали“ изнесува 64 милиони евра. Понудата на конзорциумот е 11 милиони евра, додека банките бараат најмалку 25 милиони евра.