428
Двајцата мажи се пренесени во болница откако биле избодени со нож во трговски центар во Мелбурн, пренесува британскиот весник „Гардијан “.
Очевидци на настанот велат дека трговскиот центар бил евакуиран и дека сите вработени останале затворени во своите продавници. Еден маж бил уапсен на лице место и со повреди бил пренесен во болница.
„Прво слушнавме само врескање, но не обрнувавме многу внимание на тоа, но потоа рече бегај, има некој со нож!“ изјави работник во месарница, што се наоѓа во близина на нападот.
Тој и другите работници се засолниле во задниот дел на продавницата, пред полицијата да ги евакуира половина час подоцна.