Нападнат украинскиот министер за внатрешни работи (ВИДЕО)

од Milan1
308 прегледи

Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски бил нападнат во Донбас, заедно со група пратеници и 25 новинари, изјави денеска неговиот советник.

Наводниот инцидент се случил во близина на селото Новолуганское во самопрогласената Народна Република Доњецк, пренесува „РТ“.

„Само што беа гранатирани министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, група пратеници, како и 25 странски новинари“, напиша неговиот советник, Антон Герашченко, на Фејсбук.

„Новинарите од „CNN“, „FOX news“, „Washington Post“, „New York Times“, „Voice of America“ и други светски медиуми можеа да видат кој навистина се подготвува да ја нападне мирната Украина, а кој ја брани“, напиша Герашченко.

Слични содржини