„Направивме голема грешка летово, се плашиме дека вирусот ќе остане и покрај вакцините …“

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Швајцарскиот министер за здравство Ален Берсет во саботата призна дека швајцарската влада била премногу оптимистина по првиот бран на епидемијата на Ковид-19 кога одлучила да ги олесни ограничувачките мерки, што резултирало со една од највисоките стапки на инфекција во Европа во вториот бран.

„Ова лето, на крајот на првиот бран, имавме чувство дека најлошото е минато, и тоа беше една од најголемите грешки“, рече министерот за телевизијата „СРФ“. После тој прв бран, „бевме премногу оптимисти затоа што мислевме дека можеме да продолжиме со големи настани на есен“, како фудбалски натпревари и хокеј на мраз.

„Но, најлошата работа во управувањето со кризите е да се блокирате и да не правите ништо. Ако направите грешка, едно е јасно – мора да го поправите што е можно побрзо“, рече Берсет и додаде дека нема да се ослободиме од новиот коронавирус толку брзо.
„Мислам дека вирусот ќе остане во оптек и покрај вакцините и лековите“, рече тој.

За време на првиот бран во март, Швајцарија не беше толку сериозно погодена од епидемијата како другите европски земји и не воведе многу строги ограничувачки мерки, а потоа почна постепено да ги ублажува.

Но, по само три нови случаи забележани на 1 јуни, епидемијата нагло се разгоре во октомври, а бројот на нови случаи, хоспитализации и смртни случаи се зголемуваше двојно од недела во недела.

Швајцарија, земја со 8,6 милиони жители, сега има околу 5.000 нови случаи на заразени со коронавирус и околу сто смртни случаи на ден.

„Патот што го избра Швајцарија има своја цена. Потребна е индивидуална одговорност, здрав разум и долгорочна визија. Ако и тоа не успее, ќе мора да ги засилиме мерките“, рече министерот.

Кампањата за вакцинација против Ковид-19 во Швајцарија започна во средата, четири дена откако властите ја одобрија вакцината за Фајзер и БајонТек.

Берсет повика на зајакнување на соработката меѓу меѓународните организации кои се справуваат со кризата, особено Светската здравствена организација (СЗО), чија работа беше остро критикувана од американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп.

Берсет верува дека без дејствување на СЗО, денешната состојба со пандемијата би била многу полоша.

Слични содржини