НАСА ќе тестира технологијата за заштита на Земјата од можен судир со астероид

од Milan1
312 прегледи

Ниту еден од астероидите познати на научниците не се закана за судир со Земјата следниве сто години, изјави заменик-раководиителот на НАСА, Томас Зурбухен. НАСА планира да го лансира вселенското летало „ДАРТ“ кон астероидот Диморф. Минијатурното вселенско летало ќе удри во астероидот за да ја тестира технологијата за заштита на Земјата од можен иден судир со астероид.

– Бидете уверени дека овој астероид не е и нема да биде закана (за Земјата). Ниту еден од објектите што ги знаеме денес не претставува закана следните сто години, изјави претставникот на НАСА.

Тој нагласи дека научниците знаат за само околу 40 отсто од релативно блиските вселенски тела кои се поголеми од 140 метри во ширина.

– Повеќето од нив – околу 60 насто, сè уште не сме ги откриле, рече Зурбухен.

Слични содржини