Наставничката Фатинах Хосеин минатата недела завршила во затвор поради заведување и сексуален однос со 14-годишен нејзин ученик, од училиште во Западен Сасекс во Велика Британија, пренесува „Мирор“.
Фатина (25) наводно им се пофалила на пријателките дека нејзините ученици се „запалени“ и дека постојано флертуваат со неа.
– Знаете какви можат да бидат децата на таа возраст, мислевме дека сето тоа е шега – изјавила една од нејзините пријателки.
На судењето биле изнесени детали од нејзиниот однос со ученикот кој траел со месеци, а на момчето му рекла дека е бремена кога се обидел да ја прекине врската. Дури му понудила и пари за тоа да не го пријави во полиција.
Таа била пуштена од затвор со кауција минатиот јуни, потоа почнала да го малтретира момчето и неговото семејство за да ги натера да ја повлечат тужбата.
Наставничката користела низа лажни профили на социјалните мрежи преку кои ги застрашувала и другите деца од училиштето за да се осигура дека за неа нема да зборуваат со полицијата. Направила неколи лажни профили, меѓу кои и еден на 14-годишно девојче и на тој начин се обидела да намами член од семејството на момчето за да ги дискредитира на суд.
Фатинах на крај била осудена на пет години затвор, а трајно е ставена и на списокот на сексуални престапници.