НАТО: Голема и необична концентрација на руската армија на украинската граница

од Milan1

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека во последните недели има „голема и невообичаена“ концентрација на руски војници на украинските граници и дека тоа е опасно бидејќи го намалило времето за предупредување.

„Гледаме невообичаена концентрација на воени сили, рече Столтенберг на прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеб во Брисел, пренесува Ројтерс.

Тој, исто така, на прес-конференција рече дека зајакнувањето на руската армија во близина на границата со Украина „исто така го намалува времето на предупредување помеѓу одлуките во Русија пред тие да бидат во можност навистина да спроведат агресивна воена акција против Украина“, пренесува Танјуг.

Слични содржини