НАТО и официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина од 40 милијарди евра

од Milan1
19 прегледи

НАТО официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година, стои во заклучната декларација усвоена од шефовите на државите и владите на земјите-членки на Алијансата на состанокот во Вашингтон.

– Ние имаме намера да обезбедиме пакет основна помош во вредност од најмалку 40 милијарди евра следната година и потоа да ја одржуваме безбедносната помош на одржливо ниво, така што Украина ќе победи, се наведува во соопштението, од Северноатлантскиот совет, највисокиот политички орган за донесување одлуки во НАТО.

Во петокот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди дека алијансата ќе обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година. Сојузниците се договориле да го одржуваат овој финансиски ангажман и во 2026 година како минимално ниво потребно за задоволување на потребите на Украина за заштита од руската агресија, додаде тој.

Унгарија, која се спротивставува на воената помош за Украина, доби право да не ја дава истата.