НАТО испрати порака до Русија

од Симе Стоиков
849 прегледи

Реакциите по терористичкиот напад во Москва синоќе не запираат ниту денес и истите доаѓаат од сите страни на светот.

Меѓу оние „главните“ од кои со нетрпение се очекуваше реакцијата сигурно беше НАТО.

Портпаролката на НАТО Фарах Далала денеска го осуди терористичкиот напад во Москва во кој загинаа повеќе од 100 луѓе.

„Јасно ги осудуваме нападите врз посетителите на концертот во Москва. Ништо не може да ги оправда ваквите грозоморни злосторства. Изразувам длабоко сочувство до жртвите и нивните семејства“, рече Далала на платформата Х (Твитер).

Слични содржини