НАТО ја започнува нуклеарната вежба

од Milan1
16 прегледи

НАТО денеска ја започнува својата годишна нуклеарна вежба, во која во следните две недели ќе учествуваат околу 2.000 воени лица од осум воздушни бази, јави ДПА.

Вежбата ќе вклучи 60 авиони што ќе учествуваат во тренажни летови над Западна Европа. Тие вклучуваат борбени авиони способни да превезуваат американски нуклеарни бомби распоредени во Европа и бомбардери, како и авиони за надзор и полнење гориво.

Во вежбите нема да се користи борбено оружје, соопшти НАТО.

Овогодинешните вежби ќе се одржат во воздушните бази во Белгија и Холандија, како и во воздушниот простор над Велика Британија, Данска и Северното Море.

Учествуваат авиони од вкупно 13 земји од сојузот.

НАТО нагласува дека вежбата е „рутинска и повторлива активност за обука“, а не одговор на упадот на Русија во Украина Сепак, организацијата има за цел да испрати јасен сигнал до Москва дека НАТО е подготвена да се брани со нуклеарно оружје.

Слични содржини