НАТО ќе ги распореди одбрамбенитѕе системи за првотиввоздушна заштита „патриот“, кои се од американско производство, во Литванија во текот на 2024 година, пренесува „Скај њуз“ сцитирајќи го Арвидас Анусаускас, министерот за одбрана на оваа балтичка земја која дели граница со руската ексклава Калининград и со сојузникот на Москва- Белорусија.
„Годинава, ПВО системите во ротација конечно ќе станат оперативни барем делумно. Нашата цел е да исмаме слична ротација на ПВО-системите како што е случај во мисијата за набљудување на воздушниот простор,“ истакна Анусаускас, посочувајќи на редовните патролни летови на авионите на НАТО во воздушниот простор на Литванија, Летонија и Естонија.
Според литванскиот министер, ваквиот принцип „ не подразбира еднократна помош во траење од неколку месеци, туку ќе ги покрие сите календарски месеци и значајно ќе ги зајакне нашите способности во доменот на ПВО.“
За потсетивање, САД и нивните европски сојузници минатата година ѝ испорачаа на Украина неколку батерии од системот „патриот“, а руската војска досега успеа да уништио неколку лансирни и други возила на американскиот систем.
Освен тоа, НАТО во изминатите неколку години распореди дополнителни сили во балтиќките и во државите од Источна Европа како одговор на руската инвазија на Украина. Така, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, предупреди во февриари дека „НАТО мора да се подготви за судир што може да трае со децении.“
Русија, од друга страна, го оцени постојаното ширење на НАТО на исток и неговата соработка со Киев како една од најважните причини за покренување на руските мерки, а претставниците на Москва во повеќе наврати повторија дека силите на Алијансата во близина на руските граници претставуваат закана за руската нацинална безбедност и можат да доведат до ескалација на конфликтот.