Режимот на Путин е многу непредвидлив и похаотичен од советскиот, бидејќи нема никаква идеологија, туку само гледа да се задржи на власт. Дали НАТО ќе му спротивстави? Коментар на DW.

0,,19389919_303,00

НАТО ѕвечи со оружје, но сосема тивко. Бидејќи четирите баталјони коиги праќа на источната граница, не се никаква закана за значително многуте руски единици. Москва нема да се импресионира особено од зголемената бројка на НАТО војници, а и во НАТО едвај некој очекува такво нешто. На средбата во Варшава стануваше збор главно за тоа да биде демонстрирана кохезија. НАТО сака да им покаже на балтичките земји, како и на поранешните држави од Варшавскиот пакт, дека ја разбира нивната загриженост.

Никој во НАТО, се разбира, не верува на сериозно дека Русија има намера да напаѓа земји-членки на Алијансата или да врши “хибридни” напади со помош на полулегални формации, како во Украина. Во НАТО се свесни дека претседателот Путин повеќе сака да го обезбеди своето влијание во Украина, Белорусија, Грузија, Молдавија, Азербејџан и Ерменија. И тој веќе ја постигна таа цел. Белорусија и онака е сојузник на Русија, а другите земји се џплеткани во конфликти, активно подгревани од Русија. Додека тлеат овие “замрзнати” конфликти, ниту една од споменатите држави не може да стане членка на НАТО. Патот кон Алијансата е пречка за долги години, ако не и за децении.

Во овој контекст треба да се толкува и неодамнешната посета на Путин во Финска. На финците кои од време не време се заигруваа со мислата за приближување кон Алијансата, Москва јасно им даде од знаење дека нивната земја има премногу долга и доволно ранлива граница со Русија.

Властите го испитуваат Нетанјаху за перење пари

НАТО, пак, сега јасно ги предупредува Русите -дотука и ниту чекор напред! Западните земји-членки на Алијансата, кои не се директно засрташени од Русија, исто демонстрираат единство. Засега Путин не успева да ја раздвои Алијансата.

Одвраќање и дијалог

А и делумно активираниот противракетен систем во Полска далеку не е нешто што би можело да се протолкува како ѕвечкање со оружје од страна на Западот. Чисто технички, предметниот систем не може да ги пресретнува руските интерконтинентални ракети. Тпј е насочен против евентуални закани од Северна Кореја и Иран. И раководството во Москва многу добро го знае тоа, иако постојано го тврди спротивното.
Откако е разјаснето и ова важно прашање, де факто нема никакви пречки за еден нов дијалог меѓу НАТО и Русија. Работата на Советот НАТО-Русија ќе биде обновена, рускиот претседател Путин води редовни телефонски разговори со Барак Обама, со францускиот претседател Оланд и германската канцеларка Меркел. Не недостасува и дијалог на највисоко ниво. Така и треба да биде, бидејќи НАТО земјите и Русија имаат и заеднички политички интереси поврзани со решавањето на конфликтот во Сирија, борбата против исламскиот терор, ситуацијата во Авганистан или Иран. Постојат и бројни заеднички економски интереси.

По Варшавскиот самит двете страни затоа ќе се вратат кон реалната политика и ќе ги продолжат разговорите меѓу себе. Главните губитници од двојната стратегија на НАТО за тивко ѕвечење со оружје и дијалог се Украина и Грузија. Тие ќе мора да се помират со фактот дека Русија уште долго ќе го прејудицира нивниот развој, а НАТО нема да може или нема да сака да интервенира воено.

Претседателот Путин треба да биде заплашуван во границите во кои се наоѓа денес. Враќањето на Крим или повлекувањето на Русија од Абхазија и Транснистрија остануваат чиста илузија. Но целата денешна ситуација во Европа нема никаква врска со Студена војна. Своевремено една против друга беа изведени две завојувани идеологии, два вооружени до заби блокови со стотици илјади војници во центарот на Европа. Денес бројот на конвенционалните оружје е релативно мал. Затоа пак демократиите се соочуваат против режимот на Путин, кој на многу начини е непредвидлив и похаотичен, отколку што беше советскиот, бидејќи нема никаква идеологија, туку се стреми само кон зачувувањето на власта. А начинот на кој НАТО сега одговара на тактичките игри на Путин, е најдобриот.

Слични содржини