Израелскиот телевизиски Канал 10 соопшти дека израелските власти  го истражуваат премиерот Бенјамин Нетанјаху под сомнение за перење пари,кое  датира од 2009 година .

4936174Според информациите Нетанјаху или член на неговото семејство биле приматели на наводен трансфер на “големи суми” пари, кои не се поврзани со финансирање на политичка или изборна кампања, јави Канал 2.

Во одговор Нетанјаху негираше каква било свое учество во активности поврзани со кое и да е од тврдењата, пренесе канал 10. Според телевизискиот канал полицијата  го истражува премиерот за дела извршени за време на сегашниот мандат, кој започна во 2009 година

Во понеделникот канал 2 соопшти дека истрагите се веќе во тек и властите бараат можности да ги одржат потребните активности и во странство. Според различни информации истрагите на полиција и обвинителство се во тек. Реакцијата на Нетанјаху беше дека “нема никаква основа за тврдењата”. Во јуни од кабинетот на израелскиот премиер беа одбиени сомневањата дека францускиот милијардер Арно Мимран превел милиони непријавени средства за изборната кампања на Нетанјаху во 2009 година Владата на премиерот го  утврди сведочењето на Мимран како “апсолутна лага без никаква основа” и додаде дека Нетанјаху не добил никакви пари од Мимран за финансирање на кампањата. Се признава прием  само на 40 000 долари во 2001 година, кога Нетанјаху бил “обичен  државјанин”, а парите биле искористени за јавни работи.

4/

Слични содржини