Бесија Иљази под лупата на правдата: Антикорупциска иницира истрага за проверка на нејзината имотна состојба

од Илинка Илиоска
299 прегледи

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) иницира истрага за проверка на имотната состојба и на Бесија Иљази, вршител на должноста организациски директор на Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје.

Иљази поднела две изјави за имотна состојба, првата како советник во Општина Тетово и втората како економски директор на клиниката.

-Лицето Бесија Иљази на ден 14.02.2024 година до ДКСК има доставено Изјава за имотна состојба и интереси во новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси за функцијата в.д. организациски директор на Универзитетска клиника за токсикологија Скопје. Истакнуваме дека за функцијата советник на Општина Тетово, лицето има доставено анкетен лист на ден 03.12.2021 година, но дел од податоците не се внесени или истите се нецелосни. Во вакви случаи, ДКСК согласно член 92 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси врши проверка на вистинитоста на податоците внесени во изјавата за имотната состојба и интересите во случај кога постапува по конкретен предмет или врз основа на годишниот план за работа. Во периодот од 03.12.2021 до 03.12.2023 година, за наведеното лице немало отворено предмет за постапување, како период за можност за постапување по истиот односно за поведување прекршочна постапка против истото – велат од Антукорупција.

Истрагата следува по контроверзиите околу Иљази, вклучувајќи ја и нејзината забрана за изјави на вработените без нејзино одобрение и спорни вработувања на клиниката, кои во спротивност со законските прописи биле потпишани само од неа, а не и од медицинскиот директор.

Слични содржини