НАТО нарача противвоздушни ракети Стингер во вредност од речиси 700 милиони долари

од Milan1
37 прегледи

НАТО нарача противвоздушни ракети Стингер во вредност од речиси 700 милиони долари во име на неколку земји-членки, изјави денеска генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој на собирот на лидерите од одбранбената индустрија на маргините на самитот на НАТО во Вашингтон изјави дека НСПА, агенцијата за набавки на Алијансата, потпишала нов мултинационален договор за ракети Стингер во вредност од речиси 700 милиони долари.

Последниот договор за ракети Стингер беше склучен во мај 2022 година, кога американската војска склучи договор за противвоздушни ракети за 625 милиони долари за да ги надополни резервите испратени во Украина.

Слични содржини