Најмалку 28 загинати во експлозија во џамија во Пешавар

од Radmila Tasevska
176 прегледи

Најмалку 28 лица загинаа во експлозија во џамија во пакистанскиот град Пешавар.

Во моментот на експлозијата во џамијата имало голем број верници и се претпоставува дека се повредени најмалку 150 лица.

Дел од зградата на џамијата е уништен, а властите велат дека луѓето се заробени под урнатините.

Некои од повредените се пренесени во локалните болници.

Причината за експлозијата сè уште не е позната.

Шебаз Шариф, пакистанскиот премиер, остро го осуди нападот.

Во изјавата на Шариф се наведува дека оние кои стојат зад нападот „немаат ништо заедничко со исламот“.

„Целата нација е обединета против терористичкиот напад“.

Експлозијата се случи за време на попладневната молитва во градот во северозападниот дел на земјата, во близина на границата со Авганистан.

Во тек е спасувачка операција во џамијата и „спасувачите ги извлекуваат телата“, изјави Шафиулаф Кан, заменик-градоначалник на Пешавар.

„Во моментов, наш приоритет е да ги спасиме луѓето заробени под урнатините“, рече Кан.

Мухамед Асим, портпарол на локалната болница, изјави дека некои од повредените се во критична состојба.

„Ова е итен случај“, додаде тој.

Локалните медиуми објавија дека на местото на несреќата пристигнала и полициска екипа за демонтирање бомби.

Во март минатата година во експлозија на бомба во шиитска џамија во Пешавар загинаа неколку десетици луѓе.

Слични содржини