„Не ѝ го извадија забот, еве ја вистината“: Таткото на починатото девојче во Сараево објаснува што се случило по интервенцијата

од Илинка Илиоска
187 прегледи

Таткото на 16-годишната Џ.Д., која почина по стоматолошка интервенција во приватна клиника во Сараево, проговори за трагедијата што се случила. Според досега достапните информации, девојката починала од компликации кои настанале по интервенцијата, а нејзиниот татко објаснува што точно се случило, пренесоа медиумите.

Тој ги демантираше информациите дека на неговата ќерка ѝ бил изваден заб, и изјави дека причина за нејзината смрт е несоодветниот третман на стоматологот кој го санирал расипаниот заб, ѝ дал лекови и антибиотик, но состојбата ѝ се влошила. „Тоа е д-р Х.М., кој даде погрешни информации дека забот бил изваден и дека тоа довело до компликации… Ако го изваделе забот, ова немаше да се случи. Наместо тоа, го затвори расипаниот заб и ѝ препиша антибиотик, потоа ја советуваше да става ладни облоги и закажа третман по девет дена,“ изјави таткото.

Тој објаснува дека на 30 септември неговата ќерка го посетила стоматологот, а потоа била примена во болница на 2 октомври. Вели дека првата операција ја имала на 3 октомври, кога било санирано жариштето од кое почнала инфекцијата, која потоа се проширила кон срцето. „Мојата ќерка доби гној од несоодветен третман, што доведе до инфекции кои се проширија до нејзините бели дробови, а потоа и срцето. Имаше две операции, а на крај беше заразена со три бактерии,“ додава тој.

Обвинителството на Кантон Сараево е информирано за случајот и започната е истрага. Обдукцијата е извршена, но резултатите сè уште не се објавени.

Слични содржини