Не e само Русија, eве кои земји ги признаа Доњецк и Луганск

од Milan1

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот призна два одметнати проруски региони во источна Украина, а потоа и нареди на руската војска веднаш да започне „мировна операција“ таму, што предизвика силна осуда од Западот и зголемени стравувања дека војната е неизбежна.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) „остро го осудува“ признавањето на Русија на двата отцепени региони на источна Украина како независни држави, се вели во соопштението на организацијата.

Одлуката на Кремљ да ги признае регионите Доњецк и Луганск „го крши меѓународното право и основните принципи на ОБСЕ и е во спротивност со договорите од Минск“, се вели во заедничката изјава на лидерите на ОБСЕ, вклучително и претседавачот Збигњев Рау и генералниот секретар Хелга Марија Шмид.

„Како и сите земји-членки на ОБСЕ, Русија се обврза да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на другите. Ја повикуваме Русија веднаш да ја повлече оваа одлука“, се вели во заедничката изјава.

Јанша ја осуди и одлуката на Путин

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја осуди одлуката на Русија да ги признае украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск и повика Европската унија да и понуди на Украина „перспектива за полноправно членство“.

„Руското признавање на двете украински сепаратистички територии е јасно кршење на меѓународното право и на договорите од Будимпешта и Минск. Словенија го осудува овој незаконски чин. ЕУ мора на Украина да и понуди перспектива за полноправно членство“, напиша словенечкиот премиер на Твитер.

Јанша во понеделникот во Словенија имаше билатерална средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, по што двајцата повикаа на деескалација на конфликтот и политичко решение на кризата околу Украина.

По средбата со политички блискиот унгарски премиер, Јанша рече дека ескалацијата на конфликтот „нема да има победник“, особено поради сегашното ниво на развој на воената технологија.

Иако Западот силно ги осудува одлуките на Москва, некои земји веќе ги признаа Доњецк и Луганск.

Покрај Русија, Луганск и Доњецк како независни држави ги признаа и Сирија, Јужна Осетија, Абхазија и Јемен, Венецуела, Куба и Никарагва.

Слични содржини