Не се гледа крајот на пандемијата во Романија

од Milan1
367 прегледи

Романскиот министер за здравство Чеке Атила изјави дека во моментов не се гледа крајот на пандемијата на Ковид-19 во таа земја и дека постои можност стапката на зараза да достигне 20.000 случаи на ден.

– Не е на повидок крајот на пандемијата, ниту прогноза. Слушаме секакви прогнози и мислења. Се разбира, тие се важни, но некои се реализираат, додека други не се, како што се случи со другите бранови. Постои можност да се достигне бројката до 20.000 случаи дневно. Ова е можност што, за жал, не може да се исклучи, изјави министерот Атила за приватната романска телевизија Б1ТВ.

Слични содржини