Стотици луѓе протестираа во главниот град на Перу, Лима, по соборувањето на претседателот Мартин Вискара и се судрија со полицијата, која употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.
Полицијата се обиде да ги спречи демонстрантите да се приближат до зградата на Конгресот, кој вчера изгласа импичмент за Вискари поради обвинение за корупција, објави „Би-би-си“.
Немирите избија откако претседателот на Конгресот Мануел Мерино положи заклетва како привремен претседател. На протести низ неколку градови во Перу вчера излегоа илјадници незадоволни граѓани, три дена откако пратениците во парламентот му изгласаа импичмент на претседателот Мартин Вискара, јави ДПА.
Иако мирни генрално протести како што јавуваат, сепак, неколкумина демонстранти и новинари се повредени од солзавец, јави весникот „Ел Комерсио“.
И полицијата истовремено, од страна на Амнести Интернешнл, беше обвинета за употреба на прекумерна сила врз демонстрантите, па оттаму организацијата за човекови права, наведе дека употребата на солзавец и неидентификувана муниција во вторникот ги загрози животите на цивилите.
Вискара е обвинет за земање мито од 3,3 милиони (636.000 долари) од градежна компанија за време на неговиот мандат како гувернер на регионот Мокегуа од 2011 до 2014 година, објаснува ДПА.
Вискара постојано ги негираше обвинувањата и тоа го стори повторно пред гласањето за импичмент. Тој ја обвини опозицијата дека се обидува да ја дестабилизира земјата и рече дека ќе го напушти парламентот „со крената глава“.