Негативен природен раст во последното тримесечје, поголем бројот на мртви лица и доенчиња

288 прегледи

Во третиот квартал оваа година, природниот прираст според статистиката е негативен.

Имено, според податоците од Државниот завод за статистика велат дека бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2020. година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5,2% и изнесува 5.141 живородени деца, додека бројот на умрените лица бележи зголемување од 15,3% и тоа во споредба со истото тримесечје од 2019. година и изнесува 5.419 лицa, од нив 23 се умрени доенчиња.

Негативноста се утврдува со тоа што бројката е -278 лица, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Од друга страна, бројот на склучени бракови во ова тримесечје е намален за 12,9%, споредбено со лани и изнесува 3.768 бракови, додека пак кај разведените бракови е 8,5%, односно 357 разведени бракови.

Слични содржини