Нејмар и Мбапе ќе се степале по победата од 5:2

од Vladimir Zorba

ПСЖ го победи Монпелје со 5:2 во второто коло од францускиот шампионат. Во 23. минута Килијан Мбапе промаши пенал, а ПСЖ поведе во 39. минута со автоголот на Сако. Во 43. Нејмар погоди од пенал. Истиот играч погоди во 51. за 3:0. Мбапе беше прецизен во 69. минута, а стрелец беше и Ренато Санчез во 87. минута. Стрелци за гостите беа Хазри во 58. минута и Чато во 91. минута.

Француските медиуми пишуваат дека по натпреварот дошло до голема расправија помеѓу Нејмар и Мбапе. За малку ќе се степале за тоа кој да ги изведува пеналите. Конфликтот толку многу ескалирал што соиграчите морале да ги разделат. Нејмар лајкуваше некои објави на Твитер каде навивачите велат дека мислат дека тој треба да изведува пенали за ПСЖ. Мбапе вчера промаши пенал, а потоа Нејмар реализираше од уште еден пенал.

Нејмар (или неговиот менаџер) лајкуваше објава од неговиот официјален профил на која пишува: „Најдобриот изведувач на пенали во светот има име и презиме: Нејмар да Силва Сантос Јуниор“. Уште еден лајк на Нејмар се појави на пост со кој го критикува Мбапе: „Мбапе шутираше многу лошо и промаши. По натпреварот тренерот рече дека Мбапе ќе продолжи да биде првиот изведувач. Глупаво“.

Третиот лајк на Нејмар беше најсуров: „Сега е официјално, Мбапе изведува пенали во ПСЖ. Јасно е дека се работи за договорот. Се чини дека поради договорот, Мбапе е шеф во ПСЖ“.

Слични содржини