Некогаш ги отвори границите, сега сака да ги затвори: Меркел изненади со изјава за мигрантската политика

од Milan1
100 прегледи

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја поддржува построгата миграциска политика која планира да ја спроведе идната влада на ЦДУ/ЦСУ и СПД.

Политичарката од ЦДУ, која ги отвори границите за повеќе од милион баратели на азил за време на мигрантската криза во 2015 година, сега во интервју за јавниот сервис „Deutschlandfunk“ изјави дека и покрај одредени разлики, таа самата водела слична политика.

Според Меркел, постојат разлики во „дикцијата и тонот“ меѓу миграциската политика на нејзината влада во тоа време и онаа што сега ја заговара идниот канцелар Фридрих Мерц, но во суштина тоа е истото „ако погледнете внимателно“.

Таа тврдеше дека се залагала и за борба против илегалната миграција, казнување на шверцерите и дека исто така не сака мигрантите да си ги ризикуваат животите на патот. Според неа, во ред е да се одбие влез на баратели на азил на германската граница по консултација со соседите.

„Миграциското прашање нема да се реши на германско-австриската граница, туку идеално на надворешните граници на Европа“, ја цитираше Меркел германскиот јавен сервис АРД во емисијата „Тагешау“.

Меркел ги коментираше и актуелните преговори за формирање нова влада. Таа рече дека и е драго што малку информации од преговорите меѓу ЦДУ/ЦСУ и СПД протекоа во јавноста.

Таа за Мерц рече дека тој има „апсолутна волја за моќ“.

„Она што стоеше меѓу нас е фактот дека и двајцата сакавме да бидеме шефови“, рече Меркел во врска со поранешната политичка соработка со партискиот колега, пренесува порталот „Дојчландфунк“.

Слични содржини