217
Пет лица се повредени во тешка сообраќјната несреќа, која се случи околу 12.20 часот кај местото викано Перово долче на патот Пробиштип-Кратово.
Според првичните информации од СВР-Штип, едно возило излетало од коловозот, во кое се превезувале пет лица, од нив четворица се хоспитализирани во Кратово, а едно лице во болницата во Куманово.
Увидот од страна на истражните органи се уште се одвива, за да се утврдат причините за несреќата. Патот Пробиштип-Кратово од 13:15 часот е пуштен за сообраќај.