Немири и насилство на улиците во Северна Ирска

306 прегледи

Четврта вечер по ред, на улиците на Белфаст и Лондондери повторно избувнаа немири, проследени со насилство, и покрај апелите за смирување на страстите.
Тензиите се зголемија во протестантската заедница во северна Ирска во последните месеци поради трговските аранжмани по Брегзит, за кои тие сметаат дека создадоа бариери помеѓу Северна Ирска и остатокот од Велика Британија.

Се запали автомобил во близина на паркот Спеарин во Лондондери, а во Карикфергс, недалеку од Белфаст, се случиле насилни инциденти, предизвикани од северноирските лојалисти кои ја поддржуваат британската монархија, објави лондонскиот весник Гардијан.

Претходно, северноирската полиција апелираше до локалните водачи да ги запрат немирите што се случија во текот на изминатата недела.

Во неделата вечер, уште петмина полицајци беа повредени откако експлодираше бензинска бомба во Белфаст, па вкупниот број на повредени полицајци за време на велигденскиот викенд во Лондондери и Белфаст се искачи на 32.

Слични содржини