Немири во Косово, Србите излегоа на протести (ВИДЕО)

од Milan1
936 прегледи

Kосовската полиција во моментов спроведува акција во Северна Митровица, а граѓаните поради акцијата ја блокирале улицата „Кнез Милош“. Според порталот „Косово онлајн“, косовската полиција дошла од Јужна Митровица и влегла во една од градските аптеки.
За време на акцијата се слушнале неколку експлозии, за кои се претпоставува дека се од шок бомби. Откако започна акцијата, постојано се слушаат сирени за тревога во Северна Митровица.

Откако припадниците на косовската полиција интервенираа против насобраните граѓани со солзавец и шок бомби, припадниците на Росу пристигнаа во Северна Митровица од јужниот дел на градот. Според новинар од Косово онлајн, ситуацијата е крајно напната.

Во меѓувреме, припадници на Росу и полицијата се повлекоа кон источниот мост во Северна Митровица, а улиците се полни со граѓани.

Како што покажуваат снимките објавени на социјалните мрежи, голем број граѓани излегоа на улица.

Според некои медиуми во градот се забележуваат и оклопни возила на специјални единици и дека граѓаните ги гаѓаат со камења.

Слични содржини