Неочекуван триумф: Нов народен фронт со најмногу пратенички места во Франција

од Илинка Илиоска
69 прегледи

Според прелиминарните резултати од вториот круг од вонредните парламентарни избори во Франција, што рано утринава ги објави француското Министерство за внатрешни работи, левичарската коалиција Нов народен фронт (НФП) освои 182 места во националното собрание, објави Монд.

Жан-Лук Меланшон, лидер на левичарската коалиција Нов народен фронт (ДПА)

Политичкиот сојуз на актуелниот француски претседател, центристичкиот блок Заедно, освои, според тие податоци, 168 пратенички места, а на трето место е крајнодесничарската партија Национален собир (РН) на Марин Ле Пен со 143 освоени пратенички места.

Либерално-конзервативната партија Републиканците освоија 45 пратенички места, десничарската коалиција 15, левиот блок 13, а регионалистите четири пратенички места.

Слични содржини