Непознато лице му ветувалo оздравување и вработување на синот, измамен скопјанец

од Milan1
18 прегледи

Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, 85 – годишен маж од Скопје пријавил дека на 01.11.2024 бил измамен од едно лице за сума од 50.000 денари.

Според пријавеното, лицето се претставило како вработено во МВР и му кажало дека ќе му помогне да го излечи неговиот син, а потоа и да го вработи за што му ги побарал парите.

Како што е пријавено, откако му ги дал парите, телефонот на лицето не бил достапен, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Слични содржини