2,6K
– На 08.06.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во с.Тремник, неготинско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл управуван од М.Ш.(21) и моторцикл „хамачи“ со неготински регистарски ознаки управуван од А.Ш.(19) двајцата од с.Тремник, информираат МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата моторциклисти констатирани во ЈЗУ Неготино.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.