Најмалку четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен во северен Виетнам, јавија државните медиуми.
Притоа се наведува дека уште најмалку седум работници се повредени во истата несреќа.
Според првичните податоци истекување на метан во рудникот предизвика пожар и експлозија.
Четворицата рудари загинаа од вдишување отровни испарувања. Пожарот бил ставен под контрола.