17
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го смени министерот за одбрана Јоав Галант. Наведувајќи го недостатокот на меѓусебна доверба, Нетанјаху објави дека го отпушта министерот за одбрана Јоав Галант, долгогодишен ривал во партијата Ликуд.
Него ќе го замени министерот за надворешни работи Израел Кац. Министерот без ресор Гидеон Сар ќе го замени Кац како министер за надворешни работи.
– За жал, иако имаше доверба во првите месеци од војната и имаше многу плодна работа, во последните месеци таа доверба пукна меѓу мене и министерот за одбрана, наведе Нетанјаху.