Нетанјаху: Израел не доби предлог за договор за прекин на огнот и ослободување на заложници во Газа

од Илинка Илиоска
12 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не добил предлог за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, според неговиот портпарол, по обновувањето на разговорите на високо ниво.

Медиумите претходно објавија дека Египет предложил дводневно примирје во Газа во неделата, што ќе овозможи размена на четворица израелски заложници држени во енклавата за неодреден број палестински затвореници кои ги држел Израел.

„Израел не доби предлог за ослободување на четворицата заложници во замена за 48-часовен прекин на огнот во Газа, рече Нетанјаху за време на затворениот состанок на партијата Ликуд, според неговиот портпарол Омер Достри.

-Доколку беше презентиран таков предлог, премиерот веднаш ќе го прифатеше, додаде Достри.

Слични содржини