Нетанјаху ја одобри владината иницијатива за проширување на населбите на Голанската висорамнина

од Илинка Илиоска
17 прегледи

Владата на Бенјамин Нетанјаху денеска го одобри планот за проширување на израелските населби на Голанска висорамнина што Израел ја окупира во „Шестдневната војна“ во 1967 година.

Нетанјаху образложи дека владата дејствува во „светло на војната и новиот фронт со кој се соочуваат во Сирија“, како и желбата да се удвои израелското население на Голанската висорамнина, пренесува БТА.

– Зајакнувањето на Голанската висорамнина ја зајакнува државата Израел и е особено важно во овој момент. Ќе продолжиме да ги држиме (овие територии), да ги развиваме и да ги населуваме, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Голанската висорамнина, која до 1967 година беше под сириска власт, денес е под контрола на Израел. ООН го смета регионот за окупиран од страна на Израел и интегрален дел на Сирија.

Слични содржини