Нетанјаху: На Хезболах му нанесуваме удари кои не можеше да ги замисли, тоа го правиме со сила и со трикови

од Milan1
31 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја ќе употребува сила против Хезболах во Либан сѐ додека жителите на Северен Израел не се вратат дома.

„На Хезболах му нанесуваме удари кои не можеше да ги замисли, тоа го правиме со сила и со трикови. Можам да ви ветам едно: нема да застанеме додека не се вратат дома“, рече Нетанјаху во видео пораката што ја објави неговиот кабинет, пренесе Франс прес.

Неименуван израелски функционер во меѓувреме изјави за Cи-Ен-Ен дека Нетанјаху ѝ дал дозвола на неговата влада да се приклучи на напорите на САД да посредува за прекин на огнот во Либан.

Нетанјаху даде одобрение под услов каков било договор да им дозволи на израелските цивили да се вратат во своите домови во Северен Израел и подоцна додаде дека нема да мирува додека тоа не се случи.

Советникот на Белата куќа, Амос Хохстејн, е вклучен во преговорите за прекин на огнот, но Американците не разговараат директно со Хезболах.

Слични содржини