9
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денска изјави дека воена цел на Владата е и враќање на населението во северниот дел од земјата, од каде побегна поради нападите на либански Хезболах.
– Владиниот совет за политика и безбедност одлучи во воени цели да го вклучи безбедното враќање на жителите од север во нивните домови, истакна Нетанјаху.
Израелските сили и либанската вооружена група поддржана од Иран речиси секојдневно се напаѓаат откако почна војната во Појасот Газа. Стотици луѓе загинаа во насилството, од двете страни. Поради судирите десетици илјади жители ги напуштија своите домови од двете страни на границата.
Целта на нападите на Хезболах е да се поддржи Хамас во војната против Израел.