Колку од овие достигнувања сте гледале?
Во изминатата година имавме можност да уживаме во бројни нови телевизиски продукции.
Популарната платформа за гледање филмови и серии „Нетфликс“ објави листа на 10 најпопуларни филмови и исто толку најпопуларни серии во 2022 година.
Најгледани серии на „Нетфликс“ беа:
Четвртата сезона на „Stranger Things“ со 1,87 милијарди гледани часови
„Wednesday“ прва сезона со 1,314 милијарди часови гледаност
„Dahmer“ со 962,4 милиони часови гледаност
„Bridgerton“ втора сезона со 775,2 милиони часови гледаност
Првата сезона на „All of Us Are Dead“ со 659,5 милиони гледани часови
„Extraordinary Attorney Woo“ со 662 милиони часови гледаност
„Inventing Anna“ со 654,5 милиони гледани часови
„The Watcher“ со 395 милиони часови гледаност
„The Sandman“ прва сезона со 393,1 милиони часови гледаност
„Virgin River“ четврта сезона со 304,8 милиони часови гледаност.
Серијата „Wednesday“, која се фокусира на животот на тинејџерот, Венсдеј Адамс, за кратко време привлече голем број гледачи и постигна успех каков што нема ниту една нова серија на „Нетфликс“ за толку кратко време. Втората сезона е најавена и публиката со нетрпение ја очекува.
Серијата „Dahmer“ исто така беше огромен успех, и покрај нејзината контроверзна тема, и го инспирираше Нетфликс да продолжи да прави проекти за сериски убијци.
Интересно е што филмот „Knives Out: Glass Onion“ го нема на оваа листа, но тоа не треба да чуди со оглед на тоа што беше премиерно прикажан кон крајот на годината, а неговата гледаност од ден на ден се зголемува.