Од денеска популарната комедија „Seinfeld“ е достапна на Netflix. Достапни се сите девет сезони од серијата, односно 180 епизоди.
Овој договор е многу важен за Netflix, бидејќи загуби две популарни серии, „Friends“ и „The Office“, кои беа меѓу најгледаните, пренесуваат медиумите.
„Seinfeld“ се емитуваше на „Ен -Би -Си“ од 5 јули 1989 година до 14 мај 1998 година.