Netflix ќе инвестира 2,5 милијарди долари во јужнокорејски содржини

од Radmila Tasevska
195 прегледи

Netflix ќе инвестира 2,5 милијарди долари во јужнокорејски содржини во следните четири години, објави извршниот директор на стриминг гигантот Тед Сарандос по состанокот со Јун Сук-Јол, претседателот на Јужна Кореја, во Вашингтон.

Јужна Кореја го зацврсти својот статус на културна моќ во последниве години, делумно благодарение на експлозивниот успех на филмот „Parazit“ награден со Оскар и серијата „Squid Game“ на Нетфликс.

„Netflix со задоволство потврдува дека ќе инвестираме 2,5 милијарди долари во Јужна Кореја, вклучително и создавање на корејски серии, филмови и емисии без сценарио во следните четири години“, изјави Сарандос за АФП.

„Овој инвестициски план е двојно повеќе од вкупниот износ што Netflix го инвестираше на корејскиот пазар откако ја започнавме нашата услуга во Јужна Кореја во 2016 година“, додаде тој.

Сарандос рече дека Netflix има „голема доверба“ во креативната индустрија на Јужна Кореја, за која верува дека ќе продолжи да раскажува одлични приказни.

Во овој контекст, тој потсети на неодамнешниот успех на глобалните хитови како The Glory и реалното шоу Physical 100.

Слични содржини