Иако култниот филм беше објавен пред 25 години, луѓето сè уште дознаваат интересни детали.
„Матрикс“ е една од најпопуларните научно-фантастични франшизи, а дури и денес има од оние најверните фанови кои сакаат да знаат што е можно повеќе за филмот.
Она што сега почна да кружи на социјалните мрежи е детаљ од првото филмско емитување во 1999 година.
Во една сцена од првиот филм, каде Нео е испрашуван од федерални агенти, тие имаат папка полна со документи, вклучувајќи го и неговиот пасош.
Нео е роден како Томас А. Андерсон, што е прикажано на неговиот пасош – но целата работа не е во неговото име.
Всушност, љубителите на филмот го забележаа датумот на истекување на пасошот на Нео и се покажа дека е истиот датум како и кобниот ден на 11 септември – еден од најсмртоносните терористички напади во светот.
На Reddit, обожавател на „Матрикс“ сподели скриншот од пасошот и го истакна датумот. Ова, како што се очекуваше, поттикна бројни теории на заговор. Но, може да се претпостави дека тоа е обична случајност.