Неверојатно откритие во Шкотска, спасувањето на шумите е невозможно без волците

од Milan1
64 прегледи

Враќањето на волците во дивината на висорамнините во Шкотска би можело да придонесе за обновување на природата во оваа област, бидејќи постоечките шуми апсорбираат дури милион тони јаглерод диоксид годишно, покажуваат најновите истражувања на експерти од Универзитетот во Лидс.

„Враќањето на овие диви животни ќе помогне да се потисне популацијата на црвените елени кои јадат млади дрвја, а со тоа се спречува природното обновување на шумите“. Во моментов во оваа област на Шкотска живеат 167 волци и се верува дека нивната популација ќе продолжи да расте во иднина“, велат експертите, а пренесува „Гардијан“.

Споменатото истражување покажа дека враќањето на волците во висорамнините може да придонесе за апсорпција на околу пет проценти од штетните материи од воздухот, пред се јаглерод диоксид, во шумите на Велика Британија.

„Треба да ја земеме предвид потенцијалната улога на природните процеси како што е повторното воведување на диви видови кои би придонеле за обновување на нашите деградирани екосистеми“, рече професорот Доминик Спраклен, главен автор на студијата.

Волците беа истребени од шкотските региони пред околу 250 години, што драстично ја зголеми популацијата на елени, бидејќи видот повеќе не беше загрозен од предатори. Се проценува дека само во Шкотска, бројот на елени се зголемил на околу 400.000 во последните 100 години.

Според проценките на експертите, само четири проценти од Шкотска во моментов е покриена со шуми, што ја прави еден од најмалку пошумените делови на Стариот континент. Иако организаторите на студијата очекуваат негативни реакции на нивните предлози, особено од фармерите кои се загрижени дека волците ќе им го уништат добитокот, тие нагласуваат дека мора да се земат предвид позитивните аспекти од предложените мерки во зачувувањето на природата и заштитата на животната средина.

Бројот на волци во Западна Европа, според проценките на експертите, е околу 12.000, а овие диви животни денес заземаат околу 67 отсто од територијата на која некогаш живееле.

Слични содржини