Невидена глад во Африка, ќе се убиваат слонови, зебри, нилски коњи и антилопи за да се нахранат луѓето

од Milan1
62 прегледи

Намибија планира да убие повеќе од 700 диви животни, вклучително и слонови, зебри и нилски коњи, и да го подели месото на луѓето кои се борат со глад додека земјата се бори со најголемата суша во последните 100 години.

Според Министерството за животна средина, шумарство и туризам на земјата, ќе бидат убиени 83 слонови, 30 нилски коњи, 60 биволи, 50 импали и 300 зебри.

Тие ќе бидат убиени во национални паркови со „одржлив број на дивеч“ а ќе бидат застрелани од професионални ловци, се вели во соопштението за печатот на Министерството.

Целта на програмата е да помогне во ублажувањето на влијанието на сушата во оваа југозападна африканска земја.

Намибија прогласи вонредна состојба во мај, бидејќи последиците од сушата се влошија. Околу 1,4 милиони луѓе, односно половина од населението се соочува со глад.

Отстрелот ќе го намали и притисокот врз водните ресурси и пасиштата, бидејќи бројот на животни е поголем од количините на вода и храна потребни за нивни опстанок.

Отстрелот, исто така, има за цел да го намали потенцијалот за конфликти меѓу слоновите и луѓето, кои можат да се зголемат за време на сушата, кога потрагата по храна и вода на животните може да ги доведе во контакт со луѓето, пишува Си-Ен-Ен.

Десетици милиони луѓе се соочуваат со глад и недостиг на вода поради екстремните суши и поплави што ја зафатија јужна Африка

„За таа цел ќе бидат убиени 83 слона од идентификуваните области, а месото ќе биде распределено со „програмата за ублажување на кризата“, соопшти Министерството.

Јужна Африка е најголемото живеалиште за слонови, дом на повеќе од 200.000. Овие животни, исто така, беа негативно погодени од сушата, при што се верува дека стотици умреле низ целиот регион минатата година, бидејќи нивните извори на вода пресушија.

Месото од другите животни што ќе бидат убиени, исто така, ќе биде поделено на оние кои се борат со глад, велат од министерството, кои посочија дека особено се погодени луѓето што живеат во руралните средини.

Повеќе од 150 животни се веќе убиени, со што се добиени речиси 57 тони месо.

„Среќни сме што можеме да и помогнеме на земјата во ова многу тешко време и кога тоа е апсолутно неопходно“, се вели во соопштението.

Намибија е една од неколкуте земји низ јужна Африка која се бори со разорната суша предизвикана од Ел Нињо.

Недостатокот на дожд во комбинација со високите температури доведе до угинување на посевите и зголемено ниво на глад кај десетици милиони луѓе во регионот.

Слични содржини