Невработеноста во Шведска се зголеми на 8,2 отсто и сега е највисока во последните три месеци, објави денеска Шведскиот институт за статистика (СНБ). Според извештаите, во септември во Шведска се регистрирани 468.000 невработени лица, додека бројот на вработени е 5,2 милиони.
Според сезонски прилагодените и приспособени податоци, стапката на вработеност во Шведска изнесувала 69 отсто, а просечниот број на работни часови 173,3 милиони неделно.
На 25 септември централната банка на Шведска, „Riksbank“, ја намали референтната каматна стапка за 25 базични поени на 3,25 отсто, во согласност со очекувањата на пазарот, пренесува „Танјуг“.
Шведска неодамна доживеа бавен економски раст и се соочува со зголемена невработеност, а банката сака да помогне во решавањето на овие проблеми со намалување на каматните стапки, објави Блумберг.
Монетарната политика се движи во насока на експанзија, што ќе ги подобри финансиите на домаќинствата и ќе им олесни на компаниите да инвестираат, објави шведската централна банка.