Независното здружение на новинари на Србија за посетата на Вучиќ на повредените од Кочани: Неприфатливо искористување на жртвите за лична промоција

од Milan1
77 прегледи

Независното здружение на новинари на Србија реагира на посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на повредените во пожарот од дискотеката во Кочани кои се лекуваат во Белград.

Вучиќ беше придружуван од голем број новинари, сниматели и фоторепортери. Независното здружение на новинари на Србија упати остри критики за постапката на српскиот претседател, која освен што е етички неприфатлива, потенцираат и дека ги загрозува животите на тешко повредените.

„Александар Вучиќ реши да ги искористи жртвите од пожарот за своја промоција. Овој пат заедно со новинарите реши да оди на „визита“ и наместо надлежните во Клиничкиот центар на Србија, да ја информира јавноста и семејствата на повредените за нивната здравствена состојба“ стои во соопштението на Независното здружение на новинари на Србија.

Од здружението прашуваат и кој ја дозволил посетата.

Слични содржини