Нигериската исламска полиција уапсила муслимани што не постеле за Рамазан

Исламската полиција позната како „Хизбах“ секоја година за време на Рамазанскиот пост спроведува рации по гостилниците и на пазарите.

од Бети Божиноска
222 прегледи

Исламската полиција во северната нигериска држава Кано вчерта уапсила 11 муслимани, 10 мажи и една жена, кои биле видени како јадат во текот на Рамазанскиот пост, пренесува Би-би-си. Уапсените подоцна биле ослободени откако се заколнале дека нема намерно да го прекинуваат постот.

Муслиманите се мнозинство во Кано, каде што на сила, паралелно со граѓанскиот правен систем, е и исламскиот Шеријатски правен систем, а исламската полиција позната како „Хизбах“ секоја година за време на Рамазанскиот пост спроведува рации по гостилниците и на пазарите.

„Уапсивме 11 лица во вторникот, вклучително и една жена која продава кикирики, а која беше видена како јаде од своите прозиводи, по што била некои луѓе не предупредија. Другите 10 беа мажи беа уапсени низ градот, особено блиску до пазарите каде што се случуваат многу активности“, изјави портпаролот на Хизбах, Ловал Фаге.

Тој додаде дека рациите ќе продолжат, но нагласи дека немуслиманите се изземени од правилата.

„Ние не апсиме немуслимани затоа што ова не ги засега нив. Тие можат да бидат виновни за прекршување на законот ако готват храна за да им ја продаваат на муслиманите кои постат,“ вели Фаге.

Шеријатот како паралелен законски систем беше воведен пред повеќе од две децении во 12 од северните нигериски држави во кој живее мнозински муслиманско население.

Слични содржини