Холивудската актерка Никол Кидман минува низ едни од најтешките моменти од животот. Имено, за само 24 часа починаа двајца важни мажи во нејзиниот живот за оваа актерка – нејзиниот пријател Стив Бинг и поранешниот ментор Џоел Шумахер.
Во вторникот наутро, светските медиуми објавија дека продуцентот и филантроп Стив Бинг, поранешен партнер на Елизабет Харли со кого има и син, починал откако извршил самоубиство скокајќи од 27-ми кат на зграда во Лос Анџелес. Кидман и Бинг биле крајно блиски пријатели, особено во 2004 година, кога честопати можеа да се видат на заеднички вечери, што довело до гласини дека двајцата биле во врска, но портпаролот на славната добитничка на Оскар тоа го негираше.
„Не, тие не се двојка. Тие се и секогаш ќе бидат, само добри пријатели“, тврдеше тој.
Двајцата станаа блиски откако Кидман се раздели со Том Круз, а Бинг конечно ја прекина својата турбулентна врска со британската актерка Елизабет Харли.
Извори тврдат дека Стив Бинг во последно време бил исклучително депресивен, особено откако тој морал да замине во карантин поради пандемија на коронавирус, а зад себе остави богатство од 590 милиони долари.
Но, тој не е единствениот што почина овој викенд. Само неколку часа пред да дознае за Стив Бинг, актерката тагуваше и за близок пријател и славен режисер, кој некогаш беше нејзин ментор – Џоел Скумахер. Актерката се збогуваше на својот Инстаграм, со написи во кои се вели дека нејзиното „срце е скршено“ заради смртта на визионерот во Холивуд, благодарение на кој таа освои светска слава откако во 1995 година доби улога во „Бетмен засекогаш“.