545
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека ниту еден ерменски функционер нема да ја посети Белорусија се додека Александар Лукашенко е на власт во таа земја.
Пашинјан во средата рече дека Ереван ќе ја напушти Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) предводена од Русија, откако ги обвини нејзините членки, вклучително и Белорусија, дека заедно со Азербејџан подготвуваат војна против Ерменија, пренесува Ројтерс.
Пашинјан рече дека ќе го промени својот став само доколку Белорусија и се извини на Ерменија или се повлече од споменатиот безбедносен блок.