Никола Чутурило Чутура: Барем на еден час ги заменивме силиконите со витамини на плоштадот, концерт на „1000 гитари“

од Milan1
436 прегледи

Концертот „Гитар арт“ денеска собра 1.000 гитаристи на плоштадот Република во Белград, кои поставија национален рекорд во присуство на инструменталисти кои свират на гитара и слични инструменти на едно место во Србија, пренесе „Танјуг“.

Концертот „1000 гитари“ ги привлече најмладите гитаристи и нивните учители во центарот на Белград, а заедно свиреа и цели семејства составени од три генерации: дедо, татко и син.

Присутните уживаа во концертот на Белградскиот блуз квартет и нивните гости – Дејан Цукиќ, „Ју група“, Кики Лесендриќ и „Пилоти“, Срѓан Гојковиќ – Гиле, Бојана Стаменов, Никола Чутурило – Чутура.„Ова е конечно моментот кога барем на еден час ги заменивме силиконите со витамини на плоштадот Република. Ова е сеќавање на мојата младост и почетоци во рокенролот. Среќен сум“, изјави Никола Чутурило Чутура.

За неколку минути, неколку илјади љубопитни луѓе се собраа на плоштадот за да уживаат во првокласен музички настан.

Насобраните играа, се смееја и најмногу прашуваа од каде вакво нешто во центарот на Белград.

„Овој концерт е добра вест за сите нас. Не можев да претпоставам дека 1000 гитаристи ќе го наполнат плоштадот. Се прашувам колку од нив има во Белград, ако така лесно го исполнија центарот на градот“, изјави Жика Јелиќ од „Ју група“.

Свиреа гитаристи и гости на концертот, а публиката слушаше: „Smoke on the Water“ („Дип парпл“), „Satisfaction“ („Ролинг стоунс“), „Highway to Hell“ („Е-си/ди-си“) „Get back“ („Битлси“) итн.

Концертот „Гитар арт“ денеска собра 1.000 гитаристи на плоштадот Република во Белград, кои поставија национален рекорд во присуство на инструменталисти кои свират на гитара и слични инструменти на едно место во Србија, пренесе „Танјуг“.

Концертот „1000 гитари“ ги привлече најмладите гитаристи и нивните учители во центарот на Белград, а заедно свиреа и цели семејства составени од три генерации: дедо, татко и син.

Присутните уживаа во концертот на Белградскиот блуз квартет и нивните гости – Дејан Цукиќ, „Ју група“, Кики Лесендриќ и „Пилоти“, Срѓан Гојковиќ – Гиле, Бојана Стаменов, Никола Чутурило – Чутура.

„Ова е конечно моментот кога барем на еден час ги заменивме силиконите со витамини на плоштадот Република. Ова е сеќавање на мојата младост и почетоци во рокенролот. Среќен сум“, изјави Никола Чутурило Чутура.

За неколку минути, неколку илјади љубопитни луѓе се собраа на плоштадот за да уживаат во првокласен музички настан.

Насобраните играа, се смееја и најмногу прашуваа од каде вакво нешто во центарот на Белград.

„Овој концерт е добра вест за сите нас. Не можев да претпоставам дека 1000 гитаристи ќе го наполнат плоштадот. Се прашувам колку од нив има во Белград, ако така лесно го исполнија центарот на градот“, изјави Жика Јелиќ од „Ју група“.

Свиреа гитаристи и гости на концертот, а публиката слушаше: „Smoke on the Water“ („Дип парпл“), „Satisfaction“ („Ролинг стоунс“), „Highway to Hell“ („Е-си/ди-си“) „Get back“ („Битлси“) итн.

 

Слични содржини