Оваа недела, во Суботица се одржа познатата трка во касирање Дужијаница, еден од најпрестижните натпревари на српската коњичка сцена, а победата ја однесе „Демон Дел’Ест“, коњ во сопственост на кошаркарската ѕвезда на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ.
Иако Јокиќ е познат на теренот како многу смирен играч, неговата емоционална страна доаѓа до израз кога станува збор за коњите што ги обожава.
Откако неговиот коњ прв ја помина целта, Јокиќ заплака од среќа и лично им честиташе на џокејот Кармине Пискуољи и на тренерот Владимир Прибиќ. Во последните недели, медиумите неколку пати го снимаа Јокиќ на хиподромите, каде што со ентузијазам ги следи настапите на своите миленици.
Сепак, триумфот во Дужијаница има посебно место во неговото срце. За Јокиќ, кој веќе ја освои титулата во НБА, неколку пати беше прогласен за најкорисен играч и се стреми кон олимписки медал со националниот тим, коњичкиот спорт не е само хоби. Тоа е негова страст.
🃏 Nikola Jokić u suzama nakon pobede na čuvenoj Dužijanci u Subotici! pic.twitter.com/2gOWM9YZj8
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) July 27, 2025