389
Аферата „Мафија“, во која се издавани македонски пасоши на криминалци од Европа, е една од најголемите ако не и најголема Криминална афера во историјата на Македонија, посочи потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.
„Со македонски пасоши биле убивани луѓе и се пренесувало дрога.
Аферата со пасошите не се споредува со ништо друго и е најголема афера во историјата на Република Македонија, па од тие причини раководството на ВМРО-ДПМНЕ има закани по живот“, истакна Николоски.